ПРИРОДЕН ГЕЛ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕТЕ

ПРИРОДЕН ГЕЛ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕТЕ

Рацете се најподложни на секаков вид на бактерии, со оглед на тоа што со нив се поздрвавуваме, допираме разни предмети и ги користиме за да си помогнеме во секојдневните обврски. Од голема важност е тие да се оддржуваат чисти и негувани, но не секогаш имаме можност да ги измиеме во текот на денот, така да многумина користат гел за дезинфекција на рацете. Во зависност од составот и формулата, овој гел може да биде добар, меѓутоа и штетен за самата кожа на рацете, доколку е премногу агресивен или со лоша формула. Доколку сакате ефикасен гел за дезинфекција на рацете, кој притоа нема премногу да ја суши кожата, тогаш јас имам решение за вас. 

Во денешнава статија со вас ќе споделам еден навистина многу лесен рецепт за гел за дезинфекција на рацете, кој сами може да го направите за 10 минути. Овој гел е навистина едноставен за подготовка, меѓутоа многу ефикасен. Јас честопати си го правам и го носам во ташната за секој случај.

Еве што сѐ ви е потребно за подготовката на овој гел:
3 супени лажици алое вера гел
1 кафена лажичка маслиново масло (може да користите и бадемово)
500 мл дестилина или превриена вода
10 капки етерично масло по избор – Лаванда,грепфрут,ментол,ванила.

Подготовката е едноставна: во едно чисто шишенце најнапред ставете го алое вера гелот, потоа додадете го маслото, водата и на крај етеричните масла. Мешајте додека убаво не се спојат сите состојки, (протресете убаво).Потоа озонирајте ги сите состојки заедно на опција 20 минути.

Напомена : Течноста треба да се чува затворена.Дококу користите превриена вода таа треба да биде предходно изладена.